03 Мај, 2024
0.0278

Секирарска: Укинувањето на екстерното ќе го запре процесот на девалвирање на наставниот кадар

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Укинувањето на екстерното тестирање како апсолутно некредибилен мерен механизам ќе го запре процесот на девалвирање на наставниот кадар, смета професорката Елизабета Секирарска од Наставничкиот пленум.  

Секирарска во повеќе колумни ги актуелизираше аномалиите на екстерното тестирање, а рамо до рамо протестираше и со учениците кои го кренаа гласот против екстерното.

Таа вели дека на адреса на екстерното тестирање низ годините се упатени бројни, апсолутно оправдани критики, кои професионално гледано, беа упатувани со цел да се укаже на фактот дека како инструмент за вреднување на знаењата на учениците од една, како и на објективноста на наставниците при оценувањето  од друга страна, екстерното тестирање не ги даде очекуваните резултати.

„Сметам дека самото укинување на овој апсолутно некредибилен мерен механизам ќе го запре процесот на девалвирање на наставниот кадар, кој со години беше изложуван на систематски притисок, под влијание на кој сите бевме оптоварени  со професионален сомнеж во сопствениот воспитно-образовен квалитет. Она што е уште поважно, ќе им овозможи на генерациите кои доаѓаат повторно да го доживуваат училиштето како институција во која нивниот напредок ќе биде следен од страна на оној кој треба да е единствената меродавна фигура за тоа - наставникот, и тоа во текот на целата година. Оценката која ќе ја добијат ќе ја има функцијата на параметар - конструкт на нивното целогодишно залагање, низ различни форми на личен израз, во што со екстерното тестирање, колку и да се инсистира на спротивното, не се успеа“ - вели Секирарска.

Според неа, фелата искрено се радува што се стави крај на оваа според нив монструозна алатка.

Професорката додава дека екстерното имаше повеќе пропусти, а забелешките за ова теститирање се бројни.  Секирарска вели дека со оглед на сериозноста на последиците кои овој механизам ги остави, а чиишто ефекти допрва ќе ги видиме, фелата останува фрапирана од  игнорирањето на надлежните, кои постојано го држеа ставот дека екстерното тестирање е исправен, издржан и соодветен инструмент за вреднување на најспецифичната сфера на општественото функционирање, образованието.

„Ако треба да го издвојам она што е дефинирано како најголема забелешка, би рекла дека се работи за еден сублимат на професионални укажувања изразени преку следниве аспекти: *не постои инструмент кој може да се соочи со целогодишното следење на залагањата  и достигањата на ученикот и тоа преку богат и разновиден, педагошки и дидактички одмерен инструментариум кој секој наставник го користи. Особено не, ако е замислено таков инструмент да биде банален тест од 30 прашања, без нивно дефинирање по тежински нивоа и без нивна конструкција која од ученикот ќе бара размислување и логичност, наспроти простото меморизирање на факти кои немаат никаква врска со реланиот квантум на знаења на ученикот. Не постои инструмент кој може да се наметне како мерило за знаења на учениците, ако е замислен така да прашањата по одделни предмети се дефинирани во таканаречена Банка на прашања, достапна за учениците во секое време, што ќе значи дека наизуст ги учат одговорите, без да ги  гледаат во корелација со прашањето. Особено ако се тргне од фактот дека се креирани бројни страници во кои се разменуваат готови одговори по предмети, што од ученикот не бара студиозен приод кон материјата која треба да ја знае и да ја носи со себе и низ животот, како трајни вредности на кои училиштето го научило. Особено и заради тоа што во никој случај фактографското меморизирање на одговори, кои многу често се банални, нелогични  и сосема непотребни во смисла на тоа дека не подразбираат есенција на материјата, не може  да се дефинира како суштествено знаење. Не постои инструмент кој може самиот себеси да се оправда како мерен систем, ако ја занемарува улогата и влијанието на наставникот врз развојот на ученикот и градењето на неговиот личен систем на учење“ – додава професорката.

Објаснува дека ако ученикот не напредува, наставникот е тука да му помогне и да му понуди други форми на изразување низ кои ќе исплива на површина неговата способност и вештините кои ги поседува, а што со тест, универзален за сите и  конципиран како средство кое нуди одговори на заокружување  (со напомена  дека многу често и повеќе од еден понуден одговор може да биде точен), не му се нуди на ученикот како опција. Таа вели дека не постои инструмент кој може самиот себеси да се оправда како критериум за вреднување на објективноста на оценувањето на наставникот, ако е дефиниран преку прашања на заокружување, со што се доведува во подредена позиција  воспитно-образовниот габарит на наставникот кој учи и служи како модел за однесување.

„Што гледаат учениците ако нивниот наставник е исплашен, несигурен и притиснат со закана од казна, во која и да е форма истата? Дотолку повеќе што треба да се биде искрен и да се нагласи дека неретко процесот на екстерното тестирање беше завиткан и во професионален срам, заради тоа што со цел да се самозаштитат, многу наставници им помагаа на учениците на тестот да го освојат резултатот кој го имаат, но и многу често ги бркаа од пред мониторите доколку согледуваа дека одговарајќи на прашањата, можат да ја надминат оценката кој ја имаат. Не верувам дека учениците можеле да видат понедостоинствен чекор од своите наставници. Исто така, не може да се оправда и како систем замислен за елиминација на притисоците врз наставниците да пишуваат повисоки, незаслужени оценки, затоа што сведочиме на фактот дека притисоците и натаму се присутни, завиткани во фолија "добро де, не полага кај тебе екстерно, што има врска." Длабоко вкоренетиот систем на изнаоѓање модели преку кои и натаму ќе се пишуваат повисоки оценки, ако за нив некој кој е влијателен може да се избори, едноставно не може да се надмине со инструмент каков што е екстерното тестирање. За тоа се неопходни сосема поинакви зафати кои бараат многу поголемо ангажирање и почитување на силата и моќта на образованието, нешто што засега, за жал, се чини дека не е можно“ – објаснува професорката.

За тоа дали во иднина треба да има некој поинаков начин на проверка на знаењата, Секирарска вели дека наставниците не се плашат од надворешна евалуација на нивната работа. Таа смета дека учениците се оној најреалниот, најмеродавниот фактор кој може реално да одмери колку се добри како наставници.

Со 64 гласа за, ниту еден против или воздржан, укинато е екстерното тестирање на 1 јуни во Собранието. СДСМ уште во предизборието вети дека ако дојдат на власт ќе го укинат екстерното. Изминативе години во Скопје и во другите градови имаше повеќе протести со барање екстерното да се укине. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите