СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони
Објавено во: Свет 17 Април, 2024
Во Газа се уништени 4.000 ембриони. Семејствата продавале накит за да ја платат процедурата.
Израелската граната што ја погоди најголемата клиника за плодност во Газа во декември ги уништи капаците на пет резервоари со течен азот. Како што течноста испаруваше со текот на времето, температурата во резервоарот се зголеми и уништи повеќе од четири илјади ембриони, илјада примероци на сперматозоиди и неоплодени јајца складирани во клиниката за вештачко оплодување, пренесува Ројтерс.
Ембрионите во тие контејнери беа последната надеж за стотици палестински двојки кои се соочуваат со неплодност.
„Знаеме што значеа тие потенцијални животи за родителите, или за иднината или за минатото“, рече Бахаелдин Галајини, акушер и гинеколог од Кембриџ кој ја основал клиниката.
И покрај сиромаштијата во Газа, паровите кои се соочуваат со неплодност плаќаат за вештачко оплодување, а некои продаваат телевизори и накит за да ги платат таксите.