03 Мај, 2024
0.0319

ШАЌИРИ: ПРОБЛЕМИТЕ СО ОНЛАЈН НАСТАВАТА СЕ НАДМИНАТИ, се бара решение за редовна настава

Објавено во: Македонија 02 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Проблемите кои настанаа во онлајн наставата се надминаа за неколку часа, и кон ова пристапивме од нужност, иако сме против он лајн натстава. Ова го посочи министерот за образование Јетон Шаќири, на денешната пресконференција, но не посочи детали оклу тоа какви мерки ќе се преземат за надминвуање на дојавите и за продолжување со наставата во училиштата. 

Сите знаете дека во овие случувања имаме два сегмента, безбедносниот и образованиот сегмент.

Сите одлуки кои доаѓаа во препрака од безбедносниот сектор ги добиваме од друг институции кои треба да ги обезбедат или да дадат насоки за безбедност. Што се однесува до образованиот аспект, вчера беше првиот ден, по првите препораки кои ги добија средните и основните училишта само во градот Скопје, зошто најголемиот проблем, повеќе од 90 проценти од проблемите се само во градот Скопје. После првиот ден, вчера беше прв ден откако се споделени насоки за онлајн настава, и кога видовме со какви проблеми се соочуваме, во контекст на наставата како да ја продолжиме, но и реакциите на родителите.

Проблемите кои дојдоа од платформата, се создадоа оти имаше рекорден број дојави, и имаше во училишта кои претходниот период немаа дојави. Училиштата кои добија насоки во петокот, и пристапија кон промена на лозинки, на пасворди, тие вчераа немаа проблем. Некои од училиштата кои добија дојави во перид од еден саат ги надминаа проблемите - појаснуваше министерот.

Шаќири посочи оти иако како министер и како институција се против он лајн настава, но за да не се губи во наставниот материјал и за да не се губи многу од наставата, донеле одлука повторно да се организира он лајн натава.

- Сега ќе ги разгледуваме проблемите кои излегоа, очекувам во најбрзо можен рок, заедно со Владата, да дискутираме и најдеме решение за училиштата каде има целодневна настава, и за сите останати да најдем решение на пробемот од лажните дојави на бомби, кој доаѓа на мејловите и на променетите мејлови - посочи Шаќири. .

На новинарско прашање зошто нема дојави во приватни училишта, посочи дека и самиот се прашува зошто е така, и потенцираше дека сака да нема дојваи ниту во јавните, ниту во приватните училишта. 

Воедно посочи дека се преземаат активности да се организира успешна државна матура, потсетувајќи дека бомбите започна уште првото полугодие, и дека и наставниците и ученичите вложиле голем напор да надохнадат со наставата. 

Ние ќе треба да ги преземеме сите чекори и од безбедносен аспект при организрање на државна матура. Но, матурите ќе се организираат сигурно, формирана е бебзедносната група за анализа, ќе следуваат насоки. Сега се шири бројот на училишта во кои има дојави и тоа ја отежнува проверката, се повеќе време се одзема, ако успееме да се заврши проверката за еден час, тогаш би ги враќале учениците, но во случај кога има многу училишта проверката трае подолго како вчера кога имаше во рекорден број дојави - истакна Шаќири.

Фото: Принтскрин/МИА

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите