Шампионите на Вардар: Чуството е неопишливо, колку многу народ не сака
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017
Чуството е неопишлово. Прекрасно, сега немаме зборови, но после натпреварот она што ни се случи е неповторливо, рече Иван Чупиќ-херојот кој го постигна последниот и најзначен гол за историска победа на Вардар по пристигнувањето на скопскиот аеродром.
„Не сме свесни што направивме, ова навистина е голем успех. Пресреќни сме и им благодарам на сите на поддршката кои ни ја даваат, рече пак Лука Циндриќ.
Тој вели дека емоциите после голот со Барселона биле посебни, како детски сништа.
Во моментов поворката со ракометарите е во Автокоманда. Шампионите се чекаат на плоштад.