ШАНСА ЗА РАБОТА: Французите бараат градинар - плата од 750 евра
Објавено во: Финансии 03 Март, 2017
Една од работите е и отстранување на снег околу амбасадата, поместување на мебел и прием на гардероба.
Амбасадата на Франција во Србија бара градинар на неопределено време, а платата е 750 евра.
Како што се наведува во огласот, градинарот ќе треба да одржува површина од 3.500 квадрати.
Тој ќе треба да ја одржува француската и англиската градина со сите специфики.
Кандидатите треба да испратат CV и да докажат дека имаат работно искуство во одржување на паркови и тревници.
Огласот трае до 17 март.