29 Април, 2024
0.0276

Шарениот револуционер кој ја изнервира јавноста со бизнис летот

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Александар Донев е вршител на должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот кој ја изнервира критичката јавност со тоа што до Аргентина отпатувал со лет во бизнис класа каде билетот е поскап од економската класа со што практично си дозволил поголем луксуз на државна сметка или потрошил околу 3500 евра.

Донев присуствувал на Светскиот самит за авантуристички патувања што се одржа во октомври во Буенос Аирес. Одлучил да лета во бизнис-класа бидејќи летот бил долг повеќе од 17 часа, а имал како што тврди набиена агенда со голем број на состаноци.

Донев беше учесник на протестите на Шарената револуција и токму таму се залагаше за правда, за одговорност, за престанок на политичките злоупотреби и демократија. Одеднаш со ваквата постапка се најде на мета на огромни критики кои и поддржувачите на СДСМ ги истакнуваат јавно. 

Последната информација е дека Донев ветил дека разликата меѓу економска и бизнис класа во висина од околу 40 илјади денари ќе ја надомести сам.

– Јас ќе ги вратам парите што се плус од економската до бизнис класа.Не знам административно тоа ако може да се среди, не знам дали е досега направено кај нас.За се има првпат. Би покрил некои од наредните трошоци од приватен буџет, ќе најдеме начин затоа што верувам дека тоа е исправна одлука. – изјави Донев за Телма.

Откако Донев беше назначен за директор на агенцијата за туризам тој постојано е на службени патувања, беше во Токио, Јапонија, во Буенос Аирес, Аргентина и во Лондон, Велика Британија, каде тврди дека врши промоција на туризмот во Македонија, особено на авантуристичкиот и се надева дека ќе привлече нови тур оператори кои ќе ги нудат нашите дестинации и дека ќе се зголеми бројот на странски туристи. Сепак, ќе треба да се види поголем осврт на сработеното во овие речиси 6 месеци од кога е назначен на функцијата.

Донев претходно беше дел од Mustseedonia - Land of Adventure, организацијата која се занимава со промоција на туристичките места и природните убавини на Република Македонија, а се занимаваше и со планинарство.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“