Шатори ќе никнат пред Собрание - децата со посебни потреби бараат еднаквост
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2017
Во следните два дена спроти Собранието повторно ќе бидат поставени шатори. Таму повторно ќе кампуваат лицата со посебни потреби и нивните семејства.
Граѓанската иницијтива 5ДО12 неколку месеци наназад на истите датуми организира кампинг во жена парк каде преку разни работилници, игра, забава и консултации во врска со законските и подзаконските акти, ќе ја побараат поддршката за изедначување на правата на лицата со попреченост, хендикеп или посебни потреби.
Тие ги повикуваат сите поддржувачи и целата јавност на дружење и на игра, заедно со нив и нивните деца, заедно да се изборат за иднината на сите деца и лица со посебни потреби.