06 Мај, 2024
0.0266

Шекеринска: Фокусот во моментов е на подобрување на стандардот на припадниците на АРМ и условите работа

Објавено во: Македонија, Галерија 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Приоритет во одбраната во моментот е финализирање на Стратешкиот одбранбен преглед (СОП), документ кој во Македонија не е донесен неколку години, а е потребен со цел во него да да бидат содржани важните аспекти на одбраната во земјата.

Се очекува СОП да биде изготвен до средината на годинава, а од 2016 година иако било најавено, таков документ нема, а нема ниту Стретегија за одбрана. 

Ова го кажа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и додаде дека за оваа година не се најавени посериозни набавки и модернизација на АРМ.

Рече дека фокусот во моментов е на подобрување на стандардот на припадниците на АРМ и условите работа.

„Објавивме дека нема да се повторува грешката од 2017 година, да се влезе во набавки без да се знаат приоритетите. Број еден е да се заврши Стратешкиот одбранбен преглед, документ кој доцни долго време. Треба да биде готов до средината на 2018 година. Тој треба да ги дефинира вистинските потреби и приоритети во делот на набавките“ - вели таа. 

СОП ќе покаже кои се способностите, капацитети кои армијата треба да ги има и по кој приоритет треба да се оди во модернизацијата. 

Таа потсети дека оваа година е обезбедено 15 отсто зголемување на буџетот за одбраната како и десет отсто зголемување на сите плати на припадниците на АРМ. 

ФОТО ФАКТОР


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува