26 Април, 2024
0.0289

Шекеринска ќе бара отштета од човекот кој ја нападна во Собранието

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Кривичниот суд денеска за 6 октомври го одложи судењето за Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска кој ја нападна во Собранието на 27 април годинава.  

Во судницата беше присутна и Шекеринска која побара отштета, а за висината дополнително ќе се произнесе.

„Насилството не се исплаќа, насилството се казнува. Бевме стрпливи овие неколку месеци, иако не беше лесно. Ако е ова само дополнително чекање, не мислам дека е проблем. Верувам во правото на секој обвинет да има адвокатска помош“ - вели Шекеринска.

Адвокатот на обвинетиот, Драган Пешевски, побара од судот да се одложи рочиштето затоа што според она што го видел од записниците, неговиот клиент бил правно неук, па морал дополнително правно да го посоветува. 

„Од она што го видов во записниците во истрагата, тој е правно неук, па затоа барам судот да ми даде време правно да го советувам, бидејќи согласно Уставот има право на одбрана. Морам да напоменам дека денеска со обвинетиот за прв пат се видовме во судница“ - рече адвокатот Пешевски.

Обвинението за кривичното дело насилство  обвинителството го поднесе во август.

За ова дело предвидена е казна затвор од три до десет години.

Оштетен во оваа постапка е и премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“