ШЕШЕЉ: Хаг ќе го тужам за 12 милиони евра, Србија ќе ја поштедам
Објавено во: Свет, Стил 31 Март, 2016
Откако беше ослободен од обвиненија за злосторства против човештвото, Војислав Шешељ најави дека ќе бара оштета од Хаг, а Србија ќе ја поштеди од тужби.
Ова го најави Шешељ кој ќе бара оштета од 12 милиони евра.
„Мојот став спрема Меѓународниот суд не е променет. Од моментот кога отидов во Хаг знаев дека нема да можат да докажат дека сум направил злосторство. “ – рече Шешељ.
Шешељ информираше дека нема да ја тужи Србија, но дека неговиот став кон Хашкиот трибунал не е променет „ни за влакно“ и дека и натаму смета оти е тоа антисрпски суд и инструмент на новиот светски проедок.
Тој изјави дека веќе поднел тужба, а размислува да ја зголеми за 2 милиона евра поголема оштета, додека ја чека пресудата.
Шешељ денеска ги пофали и судиите кои го ослободија, велејќи дека тие покажале дека професионализмот, честа и образот се над секаков политички притисок.
„Од правен аспект тие ја донесоа единствената можна пресуда“, изјави Војислав Шешељ во Белград пред новинарите.
Инаку, Шешељ беше обвинет за злосторства врз Хрвати и муслимани во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина во периодот од 1991-1993 година.