03 Мај, 2024
0.0249

Шопингот и чувството на среќа

Објавено во: Анализа 07 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Луѓето купуваат, бидејќи се тажни или пак поради чувство на вина или несигурност, покажуваат истражувањата. Денес секој елемент во една продавница одговара на современиот луксуз,  продавниците се создадени така што го примамуваат и воодушевуваат купувачот - од осветлувањето, боите и музиката до внимателна селекција на т.н. "жртвеници" за производите, чија цел е да ги привлекуваат посетителите, пишува Bloomberg. Нови маркетинг истражување фрлија повеќе светлина врз нешто што трговците го знаат одамна: начинот на кој шопингот, е исто толку поврзан со душевната состојба на купувачот, како и со материјалните потреби. Луѓето купуваат, бидејќи се тажни или пак поради чувство на вина или несигурност. Многу од  триковите кои ги користат трговците за да ги поттикнат луѓето на трошење несвесно, се најслабите емотивни точки. "Постои директна врска помеѓу недостатокот на самодоверба и брендовите кои се купуваат", тврди маркетинг консултантот Мартин Линдстром. "Колку ниско самопочитување имате, толку повеќе брендови се во преден план." Оние што ја следат модата, одамна забележале како мерките се менуваат со времето. Може со години да  носеле 8 и големина и потоа одеднаш може  да се вклопат во 6-и. Премногу веројатно е дека не сте ослабеле. Само производителите се обидуваат да им ласкаат на клиентите - гест, кој според маркетинг истражувањата ги тера луѓето да трошат повеќе. Што се случува во спротивен случај, кога купувачите ја пробуваат својата големина и гледаат  дека е премногу мала? Нивната самодоверба паѓа и како што може да се претпостави, не сакаат да ги  купат избраните алишта. Во исто време, сепак, се впуштаат да купуваат други производи  без димензии - на пример шалови, накит или часовници, со кои се чувствуваат попривлечни. Сеуште нема докази дека трговците намерно ги измачуваат купувачите со димензии кои одеднаш во продавниците се наоѓаат премногу мали. Или сепак тие си имаат свои подмолни броеви, кои си играат со егото на клиентите. Огледалото е клучен елемент на дизајнот на многу продавници денес, тврди Пако Андрхил, претседател на консултантската компанија Envirosell. Огледалата ни покажуваат како не гледаат останатите - причината за голем дел од решенијата кои ги земаме кога шопингуваме. Дури и музиката во продавниците може потсвесно да ни помогне во тоа што ни недостасува . Во почетокот на зимската сезона во многу продавници се слуша божиќна музика. Познатата: " Jingle Bells " и божиќните песни предизвикуваат емоционална реакција  која не враќа  во детството. Без да сакаме , ние го споредуваме идеалното минато со исполнета со стрес сегашноста . Размислуваме дали нашите деца живеат доволно добро . Се грижеме дека тие немаат прекрасни празници , во кои сме уживале ние . " Се чувствуваме виновни " , објаснува Линдстром . И тогаш со магично стапче , нашите паричници се отвораат малку пошироко . Сепак постојат начини корисниците да се изолираат од влијанието на маркетинг машината. Можете да слушате сопствената музика на слушалки. Покрај тоа е важно човек да не пазарува, кога е уморен или гладен. Исто така докажано е дека шопингот може да се сврти и во корист на потрошувачот. Иако различни студии одамна докажаа дека тагата може да го натера човек да трошат повеќе , сепак тоа не е секогаш лошо, смета професорот по бизнис од Универзитетот во Мичиген Скот Рик . Посетата на трговски центар навистина го подобрува расположението на тажните купувачи . Обезбедувајќи им можност да се направи избор и да се почувствуваат како да ја  контролираат  ситуацијата , шопингот  има својство да разведрува. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад