04 Мај, 2024
0.0262

ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ ВО БАНКИТЕ СЕ СИГУРНИ - но внимавајте на кешот, опасен е, велат од НБМ

Објавено во: Финансии 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Парите што граѓаните ги чуваат и штедат во банките се безбедни и сигурни, а за нив банките ќе ги плаќаат истите камати кои се наведени во договорите, и тука нема промени, велат од Народната банка.

Оттаму велат дека депозитите се сигурни, а прогласувањето на вонредна состојба не подразбира промени во процесот на банкарското работење. 

„Заштедите и во вакви околности се најбезбедни во банките и штедилниците и го имаат истиот статус како пред прогласувањето на вонредната состојба“, потенцираат од централната банка. 

„Дополнително, напоменуваме дека и во вонредна состојба, за депозитите се пресметува и добива камата, во согласност со договорот којшто клиентот го има со банката/штедилница, како што важат и сите други договорни одредби. Оттука, не постои простор за загриженост – како што веќе укажавме, и во периодот на вонредната состојба, депозитите ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите, како и претходно“, потенцираат од НБМ. 

Потсетуваат дека и сите други услуги коишто ги нудат банките и штедилниците, на граѓаните и фирмите ќе им бидат достапни дури трае вонредната состојба. Работата на финансиските институции за коишто Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган го задржува својот континуитет и во овие привремено променети околности. Истовремено, информираат дека платниот промет се одвива непречено.

И НБМ потсетува на уште една многу битна работа, а таа е дека користењето на кешот е опасен по здравјето, па се апелира да се користат кредитни картички или преку електронско банкарство.

„Уште еднаш потсетуваме дека користењето на готовината во овој период е опасно по здравјето и апелираме плаќањата да се вршат со платежни картички и/или преку сервисите за електронско и мобилно банкарство“, објаснуваат од централната банка.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата