01 Мај, 2024
0.0471

Што ќе си купи „Макошпед“ за 858.500 евра?

Објавено во: Економија 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Дали приоритет на „Макошпед“ е да го зајакне своето гласачко учество во „Фершпед“ каде и сега е најголем акционер и поседува 12,9 отсто? „Макошпед“ е спремен да плати 858.500 евра за да стане единствен сопственик на „Магнум медиа“ која нема значаен бизнис (во 2018 и 2018 година нема никакви приходи) но го поседува „Супер Х трејд“ кој е акционер во „Фершпед“ и таму има 6,76 отсто од сите гласови. Ако го стави под своја капа „Супер Х трејд“ преку „Магмун медиа“ „Макошпед“ ќе контролира (директно и индиректно) 19,66 отсто од сите акции на „Фершпед“. Дали е ова интерес на Кочо Моцан, Илија Гечев и повеќе од 600 домашни физички лица – мали акционери во „Макошпед“? Чисто информативно „Макошпед“ лани има добивка од 403.000 евра

„Макошпед“ ќе плати 858.500 евра за да купи удел во штипска фирма за компујтерско програмирање која две години нема приходи од работењето. Станува збор за компанијата „Магнум медиа“ (во која „Макошпед“ и сега поседува малцински удел н.з.). Предлог одлуката за плаќање на 858.500 евра за 66 отсто удел во „Магнум медиа“ ќе биде ставена на гласање на претстојното акционерско собрание на „Макошпед“ кое треба да се одржи на 28 мај.

Во што е „кечот“? Зошто „Макошпед“ би платил 858.500 евра за фирма што не работи?

„Магнум Медиа“ е штипска компанија која е регистрирана за компјутерско програмирање. Според достапни податоци од ЦРМ оваа фирма во 2018 и во 2017 година нема приходи, а расходите во двете години создале кумулативна загуба од околу 1.200 евра. Фирмата има двајца сопственици. Доминантниот сопственик е физичкото лице Александар Михајлов, а малцински сопственик е скопската компанија „Макошпед“. Со оглед на тоа што во предлог одлуката е наведено дека за 858.500 евра „Макошпед“ ќе купи 66 отсто удел значи дека сега во таа фирма поседува 34 отсто и по евентуалното купување ќе ја поседува во целост „Магнум медиа“.

Што вреди во „Магнум медиа“? Ова е логичното прашање на кое „Фактор“ се обиде да најде одговор. „Магнум медиа“ се јавува како единствен сопственик на скопската компанија „Супер Х трејд“ ДООЕЛ. Е оваа компанија регистрина за неспецијализирана трговија на мало е сопственик на 6,76 отсто од акциите во „Фершпед“. Од деловните податоци до кои дојдовме се гледа дека таа компанија во 2018 година завршила со загуба од 36.000 евра, а остварила приход од 3.000 евра.

Што е значајно да знаеме за „Супер Х трјед“, а е поврзано со „Фершпед“?

Поранешен сопственик на таа фирма беше Мите Николов, познат штипски бизнисмен што беше сопственик на „Брилијант“ големата компанија за производство на масло за јадење од Штип која сега е во сопственост на најголемата домашна кондиторско – прехранбена компанија „Витаминка“.
„Супер Х трејд“ е правен наследник на „АВТ Консалтинг“ компанија што своевремено во 2014 и во 2015 година во неколку наврати купи над 10 отсто од акциите на „Фершпед“ (откако од акционерската структура на „Фершпед“ излезе Кираца Трајковска н.з.)

По кои цени фирмата на Николов купуваше акции во „Фершпед“?

- на 29 декември 2014 година се платени по 121.000 денари за акција и тогаш се купени 620 акции со право на глас.

- на 26 јануари 2015 година АВТ Консалтинг купува уште 396 акции со право на глас по значително пониска цена од 57.450 денари за акција. Со таа трансакција фирмата на „Брилијант“ официјално влегува во клубот на големи акционери во „Фершпед“ и достигнува до 9,4 отсто од акциите со право на глас во групацијата.

- со блок трансакцијата на 27 мај 2015 година кога „АВТ Консалтинг“ докупува 109 акции по единечна цена од 48.000 денари за акција и стигнува до 10,01 отсто од сите акции во „Фершпед“.

Вкупно се вложени 1,675 милиони евра.

Скопската компанија „Супер Х трејд“ во два наврати продаде вкупно 589 акции со право на глас во скопски „Фершпед“ и со тоа во период од една година го намали своето учество во акционерската структура за 3,25 отсто од 10,01 отсто на 6,76 отсто.

По кои цени продаде?

Во првата блок трансакција на 21 декември 2015 година беа продадени 450 акции со право на глас во „Фершпед“. Купувач беше „Макошпед“ кој за секоја акција плати по 128.000 денари. 

Втората блок трансакција се случи на 29 декември 2016 година кога „Супер Х трејд“ продаде 139 акции по цена од 40.000 денари за акција. Ова е најниската цена за блок трансакција со акции на „Фершпед“ во последниов период.

Вкупно за двете трансакции инкасира 1,03 милиони евра.

По последната продажба на крајот на старата година „Супер Х трејд“ се сведе на 6,76 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција