02 Мај, 2024
0.0253

Што ќе види штипското обвинителство во хидроцентралата над кочанската брана „Градче“?

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Имало ли самоволие на инвеститорот и пропусти кај надлежните органи кои издавале дозволи за градба на мала хидроцентрала над кочанското езеро „Градче“? Како може Советот на Општина Кочани да нема никакви информации и по три години да дознае дека треба да даде дозвола за градба на мала хидроцентрала? Злоупотребил ли некој службена положба од општинскиот естаблишмент во Кочани пред три години? „Фактор“ се обрати до Јавното обвинителство од каде добивме одговор дека ја следат состојбата и сите информации кои се пласирани во јавноста и ако има елементи на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности!!!

Јавното обвинителство ги следи сите информации кои се пласираат во јавноста за индиции дека има нерегуларности во процесот на добивање дозволи за изградба на мала хидроцентрала над кочанското вештачко езеро „Градче“ препознатливо место за рекреација и риболов на жителите од овој дел на Источна Македонија. За „Фактор“  обвинителството потврди дека ги следи информациите во јавноста дека има можни недоследности и прекршувања на процедурите за издавање на дозволи за градба на оваа мала хидроцентрала која многу ги вознемири кочанчани и обедини триесетина невладини организации во борбата против градба на оваа хидроцентрала. Воедно во својот одговор до „Фактор“ од обвинителството велат дека досега не е поднесена кривична пријава за овој предмет за кој бурно и негативно реагираат мноштвото од жителите на Кочани.

„Фактор“ минатата недела испрати прашања до прес службата на Јавното обвинителство откако во јавноста со изјава излезе Сашко Стефановски, советник во два мандати во Општина Кочани и претседател на опшинската комисија за комунални работи, просторно планирање и заштита на животната средина во која истакна дека тие како советници немале никакви информации дека некој сака да гради мала хидроцентрала над популарното кочанско езеро на Мала река.

Советникот Стефановски изнесе неверојатни тврдења дека тие како советници немале поим дека некој ќе гради хидроцентрала и дека за тоа разбрале откако до општината допрел глас од љубители на природата кои забележале како се сечат дрвја по коритото на Мала река. Сомнежите им се потврдиле откако до општината стигнало барање за издавање градежна дозвола за градба на хидроцентралата.

На ова реагираат триесетина здруженија на граѓани од Кочани, советници како и актуелниот граданочалник Николчо Илиев.

„Фактор“ минатата недела достави прашање до ОЈО дали ќе постапи по допрен глас согласно член 272 од Законот за кривична постапка од изјава на советник на Општина Кочани во текст објавен на следниов линк 

Од ОЈО вчера стигна овој одговор:

До овој момент до Јавното обвинителство не е поднесена кривична пријава за настанот за кој покажувате интерес. Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, ќе постапи согласно своите надлежности.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите