Што најави Груевски на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ?
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2017
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, синоќа на конвенцијата за претставување на кандидатите за градоначалници со слоганот „Новата ера почнува“, претстави и документ, односно негова визија за Македонија.
Тој вели дека започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македонија. Според него пред нас се важни избори за иднината на државата.
„Ера која ќе им покаже на сите и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени, дека ние можеме, дека Македонија мора и може подобро. Во отсуство на јасна стратегија и план од власта, ние излегуваме со документ којшто вечерва ви го претставувам. Патоказ по кој ќе може да не препознаваат и оценуваат, но притоа дека сте сигурни дека тоа што ќе го нудиме ќе го исполниме. Оправдано од нас се очекува да ги повлечеме вистинките чекори. Нашиот напор е правда за сите. Ние работиме да ги решаваме проблемите на луѓето. Секогаш работа, секогаш Македонија“ - изјави Груевски.
Груевски потенцираше дека зеленилото и екологијата ќе бидат приоритет во иднината.Тој најави модернизација на селото и додаде дека градот не може без селото и селото не може без градот.
Македонија да освојува медали на европските и светски првенства и олимпијадите, рече Груевски.