ШТО НАЈНОВО КАЖА СЗО - моменталната смртност од коронавирусот е 3,4 отсто, тој е поопасен од грипот
Објавено во: Свет 04 Март, 2020
Тедрос Адханом Гебреисус, шеф на Светската здравствена организација, изјави дека сегашната стапка на смртност за потврдени случаи на коронавирус е околу 3,4 отсто, далеку поголема од сезонската стапка на смртност на грип, што е под 1 процент.
"Накратко, КОВИД-19 се шири помалку ефикасно од грипот, а оние кои ги немаат симптомите се чини дека не се заразни. Коронавирусот предизвикува посериозни болести од грипот, досега не се достапни вакцини или лекови, но епидемијата може да се контролира", рече Гебреисус на прес-конференција новинари во Женева.
Тој коментираше и за Олимпијадата. Рече дека разговарал со Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет, за одржување на Олимпијадата во Токио, што треба да биде отворена во јули, пренесува Ројтерс.
„Мислам дека сега е премногу рано за конечните одлуки, треба да ја следиме ситуацијата“, рече Гебреисус.