02 Мај, 2024
0.0267

ШТО ОЧЕКУВА ОД 2021 ГОДИНА - Никола Љушев: Да ја направиме Македонија модерно дигитално општество

Објавено во: Економија 29 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Никола Љушев е Главен извршен директор на Македонски Телеком, нашата најголема телекомуникациска компанија. За Фактор вели дека пандемијата со коронавирусот светот го смени преку ноќ, но и не научи на важни лекции. Токму комуникацијата има стратешка улога во ваква кризна ситуација, и затоа годинава Телеком, како општествено одговорна компанија, ги насочи сите ресурси за пристапот до интернет да биде беспрекорен. Љушев за годинава посакува да е поздрава за сите, а на професионален план ја издвојува дигиталната трансформација, но и главниот предизвик - нашата метропола, Скопје, да стане паметен град и технологијата целосно да биде ставена во корист на граѓаните.

Фактор ги пренесува неговите очекувања.

2020 година беше ролеркостер за целото човештво. Светот што го знаеме се смени преку ноќ, пандемијата ни постави огромни предизвици, но нè научи и важни лекции.

Од една страна фрли светлина на бројните структурни слабости во нашата земја и неопходноста сериозно да се зафатиме со широка дигитална трансформација на сите сегменти во општеството. Светот нема никогаш да се врати на „старо“ и затоа дигиталната трансформација е највисок општествен приоритет. Од друга страна научивме дека солидарноста и заедничката одговорност се клучни за надминување на предизвиците.

Во ваква кризна ситуација, комуникацијата има стратешка улога, а наша задача беше да обезбедиме непречена комуникација во услови на огромна побарувачка на интернет.
Затоа, годинава ги насочивме сите ресури да го одржиме капацитетот на мрежата и интернет пристапот беспрекорни.

Двојно повеќе се посветивме на нашата општествена улога и го зголемивме капацитетот на интернет за приватните и деловните корисници, за сите да останеме поврзани, без исклучок. Во соработка со Министерството за информатичко општество и Министерството за образование и наука, им овозможивме на децата од ранливи социјални категории да бидат вклучени во процесот на онлајн учење со донација на мобилен интернет на 30.000 ученици. Сите заедно треба да продолжиме да работиме на полето на дигитално образование, односно на стратегија за дигитално учење која ќе се надградува со напредокот на технологијата.

Годината што доаѓа посакувам да е поздрава за сите, граѓаните, економијата, општеството. Нашиот фокус и понатаму ќе биде на услуги кои ќе овозможат дигитализација на јавниoт сектор и подобрување на продуктивноста на комерцијалните субјекти. Тука, првенствено мислам на услугите за електронска идентификација, услугите од доверба, како електронски потпис, организациски печат, временски жиг и сл. Само доколку широко се имплементираат овие услуги ќе можеме да го замениме традиционалното работење со хартиени документи, со модерно и автоматизирано работење со дигитални алатки.

Решенијата за паметен град ќе ни бидат на листата приоритети, затоа што ќе ни помогнат да се справиме со предизвиците на модерното живеење. Наредната година ќе се посветиме на проектот - Скопје паметен град, за да ја ставиме технологијата во корист на граѓаните и да придонесеме за надминување на еколошките предизвици.

Корона кризата рапидно ја забрза дигиталната трансформација. Овој процес, за жал го продлабочи дигиталниот јаз. Ова е проблем на кој сите заедно треба да работиме.
Наша цел а воедно и обврска во наредниот период е да бидеме партнер за спроведување на дигитална трансформација во соработка со надлежните институции, но и да изградиме фер дигитално општество каде ќе има место за сите, без исклучок. 

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?