29 Април, 2024
0.0254

ШТО ОДГОВОРИ АНГЕЛОВСКА - не треба да си дополнителен заменик за да видиш каде оди секој денар

Објавено во: Финансии 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Ако некој е транспарентен и отворен, тоа е Министерството за финансии. За овие две и пол години работите во фундамент се променети. Ако порано забелешките на меѓународните финансиски институции беа дека фискалната транспарентност е на ниско ниво, сега напротив, добиваме пофалби за фискалната транспарентност.

Вака министерката за финансии Нина Ангеловска денеска одговори на новинарските прашања поврзани со поплаките од дополнителната заменичка министерка Гордана Димитриевска Кочовска, која на оваа функциија е предложена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Не треба да си дополнителен заменик министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и секој денар каде оди. Тоа сега може да го гледа секој преку платформата „Отворени финансии“ - одговори Ангеловска.

Со платформата „Отворени финансии“ која беше пуштена во употреба минатата година сите исплати од трезорот се достапни до општата јавност. Граѓаните можат да ја користат и алатката со која се гледа реализацијата на капиталните расходи од сите буџетски корисници, а во тек е изработка на нова алатка за транспарентност и отчетност која се однесува на јавниот долг и со која јавноста ќе може прецизно да го гледа секое евро задолжување или раздолжување, како и намената за која е потрошено.

Министерката Ангеловска рече дека обидот, меил испратен од кабинет, кој содржи процедура за работа, да се претстави како завера, не е ништо повеќе од обид за политичко поентирање.

„На оваа позиција дојдов без никаков багаж. Немам ни црвени, ни розови ни црни очила и немам што да кријам. Тоа го покажуваат и моите заложби за транспарентност. Дојдов да работам и да ги носам најдобрите одлуки за граѓаните“, нагласи Ангеловска.

Додаде дека во интерес на институцијата, вработените и првенствено граѓаните, се надева дека конструктувно ќе продолжи натамошната соработка со техничката дополнителна заменик министерка и нејзините соработници. 

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита