06 Мај, 2024
0.0230

Што прави и ќе прави УЈП во врска со сивата економија и онлајн продажба реализирана во времето на Ковид 19

Објавено во: Економија 07 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Реализираната онлајн продажба и во изминатиот период ќе подлежи на контрола од УЈП и ќе се проверуваат одредени прекршувања коишто ги таргетираат даноците. Во  вчерашното гостување во емисијата Економски магазин на Алсат ТВ, директорот на УЈП Сања Лукаревска појасни како државата ќе го заштити буџетот при неплаќањето даноци во онлајн продажбата. Со оглед дека во изминатиот период услугите се префрлија на интернет каде што контролата е многу мала, а наспроти  компаниите коишто плаќаат даноци, овој друг дел е нелојална конкуренција што се развива на одредени онлајн платформи.

“За сите оние кои што вршат онлајн продажби а не доставуваат фискална сметка. Меѓутоа, самиот обврзник кога ќе ја направи таа достава, го знае износот на самата роба, знае и колку е данокот и треба тоа да се внесе во самата фискална сметка. Имаше ситуации коишто допреа до нас како даночен орган, дека наместо да се стави името на самиот производ, беше ставено само “производ”, онака баш бегло напишано и таму дека има данок 0, меѓутоа ние како ќе видиме за кој производ станува збор и тоа е анализа којашто допрва не очекува и којашто допрва треба да ја правиме” објасни директорката Лукаревска.

Во однос на откривањето на ваквите затајувања на данокот, кога добар дел од бизнисите веќе се префрлија на интернет, при што државата губи пари, како ќе се заштити државниот буџет во оваа сива зона на продажба, Лукаревска појасни.

“Нашата обврска, согласно законот, е да може да се вратиме во тек на контролата 5 години наназад и тоа нè охрабрува дека ќе имаме основ да видиме некаде ако се направени одредени прекршувања на самите материјални закони коишто ги таргетираат даноците. Дека во овој период се направени одредени претумбации, сметководствено, книговодствено, кај самите компании, тоа е така, меѓутоа, ќе имаме преголема одговорност во наредниот период да го заштитиме што повеќе буџетот. Во овој онлајн период, на достава на производи, на услуги и слично, дека дел од данокот се излева, тоа е така”, потенцираше директорката во емисијата на Алсат, Економски магазин.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години