26 Април, 2024
0.0726

Што треба да знаете за акцијата на „Гранит“?

Објавено во: Економија 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

„Гранит“ е акција што е атрактивна за инвеститорите на Македонската берза. Важи за најсилен македонски градежен бренд, фирма што дели дивиденда континуирано и фирма во која се слуша зборот на членовите на семејството Милковски. Прочитајте кои , во најкратки црти, се значајни факти за „Гранит“

Акцијата на „Гранит“ од почетокот на овој месец беше во фокус на инвеститорите и забележа значаен раст на пазарната цена од стотина денари за десетина трговски дена односно од речиси 14 отсто. Акцијата од почетокот на месецов досега се тргува во ранг од 700 до над 800 денари, а највисоката цена беше 844 денари за акција постигната на 24 јули. Растот на цената на оваа акција е резултат на повеќе фактори, а катализатор на овој процес беше и позитивната клима односно оптимизмот на инвеститорите кој се создаде со големите очекувања на јавноста за влез на нашата земја во НАТО алијансата и за отпочнување на преговорите со Европската унија.

„Фактор“ во рамки на својата мисија за објективно и навремено информирање на малите инвеститори свртува внимание на сите потенцијални инвеститори кои сакаат да вложат во таа акција да ги имаат во предвид следниве факти:

-„Гранит“ е најголема македонска градежна компанија која е специјализирана за нискоградба особено за изградба на патишта;

-„Гранит“ подолго од три години наназад дели дивиденда на своите акционери и таа расте во континуитет во периодот од 2014, 2015 и 2016 година;

- Консолидираните приходи на „Гранит“ лани изнесуваа 105 милиони евра, а добивката е 5 милиони евра и тоа е во рамки на стандардното во градежниот бизнис;

- Книговодствената вредност на акцијата на „Гранит“ е 100 отсто повисока од пазарна цена на таа акција;

- Во Управниот одбор на „Гранит“ членува претставник на малцински акционер – инвестициски фонд КБ Публикум инвест и оваа пракса е реткост во македонското акционерство од аспект на тоа мал надворешен акционер кој е независен од големите акционери да биде директно вклучен во одобрување на  одлуки;

- Лани друштвото вложило 5,5 милиони евра во постројки и во опрема;

- Најголеми акционери во таа компанија се братот и сестрата Зоран Милковски и Ивана Милковска Симева кои акциите ги наследија од нивниот татко Страшо Милковски, долгогодишен претседател на Управниот одбор. Ивана поседува 8,4 отсто од гласовите, а Зоран 8,23 отсто. Зоран е генерален директор, а Ивана е претседател на Надзорниот одбор. Голем акционер е уште и Отворениот задолжителен пензиски фонд на НЛБ Банка.

- Најголеми проекти на друштвото во 2016 година се: автопатите Кичево – Охрид и Миладиноци – Штип, објектот на Македонската филхармонија, кулата на Водно, автопатот Смоквица – Гевгелија, регионалниот пат Велес – Кадрифаково, автопатот Бања Лука – Добој во БиХ; Тоа се проекти кои ќе течат и во 2017, а некои и во 2018 година;

Друштвото влегува во трансакции со странска валута, кои произлегуваат од продажби и набавки на странски пазари, при што истото е изложено на секојдневни промени на курсевите на странските валути. Друштвото нема посебна политика за управување со овој ризик, со оглед на тоа дека во Р.Македонија не постојат посебни финансиски инструменти за избегнување на овој вид на ризик. Според тоа, Друштвото е изложено на можните флуктуации на странските валути. Друштвото претежно е изложено на евра и долари (цитат од Годишниот извештај на „Гранит“ за 2016 година)

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра