27 Април, 2024
0.0665

Што вели Борисов за кршењето на споменикот на Кајмакчалан?

Објавено во: Македонија, Балкан 25 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов предупредил „штом тие ги скршат бугарските споменици со чекани ќе имаат несакани последици“.

Македонскиот премиер Емил Димитриев вчера во Виена го уверил Борисов дека македонските власти ќе реагираат на скрнавењето на спомен-плочата на бугарските херои на Кајмакчалан. 

Овој чин го изврши новинарот Миленко Неделковски, тврди бугарскиот сајт „Новините“. 

„Не сакам да коментирам“ – изјавил Борисов за новинарите по самитот во Виена.

Порталот наведува дека Борисов мисли на македонските власти кога го користи зборот „тие“:

„Кога ќе им треба помош, нема да ја добијат. Не чекавме некој да не замоли, туку веднаш испративме храна вода (како одговор на августовските поплави во Скопје и Тетово) и сите граѓани беа задоволни. Во средата владата одобри 300.000 лева (150.000 евра) финансиска помош за нив. Дали ова е тоа што го заслужуваме за нашиот братски однос? Дали тоа придонесува за нашето пријателство? Дали тоа помага во македонските интеграции во ЕУ. Утре ние ќе бидеме тие кои ќе треба да гласаат за нивниот влез во ЕУ“ – изјавил Борисов.

Новинарот Миленко Неделковски во четвртокот со чекан ја искрши бесправно поставената спомен-плоча посветена на бугарските борци, кои загинале на врвот за време на Првата светска војна. Неделковски на својот „Фејсбук“ профил објави фотографии и крешењето на плочите.

Македонското Министерство за надворешни работи вчера ја повика Бугарија да ги почитува меѓународните процедури за поставување спомен-обележја.

„Воедно, очекуваме институциите да ги обесхрабрат сите актери што нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните“ - пишува во реакцијата од МНР.

Овој вандалски чин предизвика бурни реакции во Бугарија. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“