Швајцарија манипулира со курсот на франкот?
Објавено во: Економија 17 Декември, 2020
САД тврдат дека Швајцарија манипулира со курсот на франкот.
Оттаму обвинуваат дека земјата манипулира со курсот на валутата за да спречи негово зајакнување поради превирањата на финансиските пазари поттикнати од пандемијата на коронавирус. Ова го објави Министерството за финансии на САД. Министерството двапати годишно објавува извештаи во кои ја сумира валутната политика на големите трговски партнери, пренесува Би-би-си. За манипулирање со курсот на валутата е обвинет и Виетнам.
САД внимателно ќе ги следи монетарните политики на 10 држави, меѓу кои се Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Германија. Земји на кои им е потребно поголемо внимание се и Тајван, Тајланд и Индија, пренесува Би-би-си. Трговскиот вишок на Швајцарија во размената со САД нагло се зголемил во период од 12 месеци, до крајот на јуни, делумно поради наглото зголемување на извозот на злато во првата половина на 2020 година, водено од набавките на американските инвеститори во време на пандемијата, посочи Вашингтон. Швајцарија ја отфрли ознаката манипулатор на девизниот курс. Властите велат дека остануваат подготвени пообемно да интервенира на пазарот.
Во меѓувреме во светот расте вредност на еврото во однос на доларот.