Швеѓани работеле во странство и доживеале шок
Објавено во: Финансии 09 Ноември, 2017
Многу Швеѓани кои работеле во странство се изненадени затоа што пензиите кои ќе ги заработат се многу помали од оние на нивните сонародници во матичната земја.
Секој трети Швеѓанин на возраст од 18 до 36 години сака да работи во странство, а најпопуларни земји се САД, Велика Британија и Австралија.
Но, помалку од 10% знаат какви последици ќе имаат од социјалните бенефиции во странство.
Кеке Кулего кој работел во Њујорк во финансиски сектор вели дека бил зачуден од пензискиот фонд.
„Сега ми е јасно дека сум морал да се распрашам пред да заминам. Би направил пензиски план“ - вели тој.
Во Бруклин ќе се отвори канцеларија која ќе ги информира Швеѓаните какви пензии ќе земаат доколку работат во странство.