26 Април, 2024
0.0257

СИГУРНО ИМАШ БИЗНИС-ИДЕЈА ЗА НАГРАДА ОД 10.000 ЕВРА

Охридска банка Сосиете Женерал ги повикува сите млади со претприемачки дух и креативност да аплицираат со нова и реално остварлива бизнис-идеја на конкурсот „Чиста 10-ка“

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал, водејќи се од принципите на тимски дух, иновација, посветеност и одговорност, денес официјално го започнува проектот наречен „Чиста 10-ка“, со кој има цел да остави значаен белег и важен придонес кон заедницата. 

Проектот „Чиста 10-ка“ е наменет за сите студенти и млади државјани на Р. Македонија на возраст од 18 до 35 години, кои имаат претприемачки дух, креативен пристап и желба да аплицираат со своја нова и остварлива бизнис- идеја. Сите заинтересирани можат да учествуваат во „Чиста 10-ка“ индивидуално или во тим со максимум 4 учесници.

Аплицирањето се врши онлајн, на веб-страницата www.cista10.mk, во делот Аплицирај, каде што треба да се пополнат неколку групи прашања на англиски јазик кои, всушност, ќе ја презентираат структурата на самата бизнис-идеја. Конкурсот „Чиста 10-ка“ е отворен за апликации од денес, четврток (21 септември, 2017), сè до 22 октомври 2017, 23.59 ч. 


„Како дел од нашата стратегија да бидеме прв избор на банка, препорачана од страна на клиентите и банка која ги поддржува младите и заедницата, а по повод одбележувањето на 10-годишното присуство на глобалната банкарска групација Сосиете Женерал во Македонија, годинава го реализираме проектот „Чиста 10-ка“. Од секогаш сум верувала дека младите се тие што можат да го променат светот, да воведат новини кои можеби другите на почеток не ги разбираат, но на крајот добиваме едно подобро место за живеење. Поради тоа ги охрабруваме сите млади, креативни и иновативни луѓе да земат учество и да ни ја испратат својата уникатна и остварлива бизнис-идеја, со која на крај сите ќе се гордееме. Најдобрата бизнис-идеја ќе биде наградена од страна на Охридска банка Сосиете Женерал со износ до 10.000 евра! За нас како банка, „Чиста 10-ка“  претставува императив во работењето, но истовремено и придонес кон општеството, мотив и поддршка за младите потенцијали на оваа земја, како и поддршка на целокупното стопанство на земјата.“, изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Банката. 

Повеќе информации на www.cista10.mk

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет