27 Април, 2024
0.0277

СИЛЕН ПРОДОР НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ: Се препороди кумановската фабрика за цевки!

За шест месеци компанијата има извоз во вредност од речиси 6 милиони евра, приходи од продажба кои надминуваат 9 милиони евра и добивка од 2,2 милиони евра

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

По долгогодишната агонија кумановската компанија за цевки „11 Октомври“ се препороди во споредба со лани, покажуваат официјалните финансиски показатели на оваа компанија. За првите шест месеци годинава компанијата има приходи од продажба кои изнесуваат 568,9 милиони денари (над 9 милиони евра) што е за 524 милиони денари повеќе во споредба со лани. Од тоа компанијата испорачала за извоз стоки во вредност од 365,85 милиони денари (речиси 6 милиони евра).

Резултати по превземањето на компанијата од кумановската фирма „Квалитет пром“ се повеќе од евидентни. По шест месеци ФЗЦ има неверојатен раст на приходите од продажба и силен продор на странски пазари кој всушност е и најголем генератор на прометот. Од билансот на успех се гледа дека значаен раст на вредноста на залихите за 137,4 милиони денари што е двојно повеќе растот на залихите во истиот период лани. 

За да се добие појасна слика за состојбите да напоменеме дека во вториот квартал година приходите од продажба значајно пораснале и тоа за 350 милиони денари во однос на остварените приходи во првиот квартал годинава. Од тоа раст на приходите од извоз е безмалку 200 милиони денари. Тоа значи дека продажбите на ФЗЦ солидно растеле и на домашниот и на странските пазари во вториот квартал годинава.

Логично и очекувано е со растот на приходите да се зголемуваат и расходите на компанијата. Тие изнесуваат 508,9 милиони денари и во споредба со истиот период лани пораснале за 402 милиони денари. Од приходите и од расходите е очигледно дека компанијата знајачно од лани до сега во континуитет го зголемува обемот на работење. Следствено на тоа расте и пораснала и кредитната изложеност на компанијата. Од вкупните тековни обврски кои изнесуваат 967,9 милиони денари и се за 210 милиони денари повисоки од лани кредитните обврски се 551,8 милиони денари и се за 194 милиони денари повисоки на крајот на јуни годинава во споредба со истиот период лани. На тоа кореспондираат и финансиските расходи на компанијата во кои доминантно учество имаат тие за камати. Финансиските расходи за пола година се 13,3 милиони денари што надминува 220.000 евра. За сметка на тековните обврски компанијата од лани до сега ги намалила долгорочните обвски и тоа за 26 милиони денари до износ од 90,6 милиони денари. 

На полугодие побарувањата на компанијата се 203,2 милиони денари што е за 102,6 милиони денари повеќе од истиот период лани. 

Компанијата за половина година книжи добивка во износ од 130,86 милиони денари. Лани на полугодие ФЗЦ имаше загуба од 1,1 милиони евра.Освен доминантниот акционер „Квалитет пром“ со посед врз 52,27 отсто од акциите, голем акционер е и „Рапид Билд“ кој има 7,13 отсто од акциите. Фирмата има над 1.650 домашни физички лица акционери кои поседуваат 37,9 отсто од акциите со право на глас. Во период од една година се истргувани околу 4.000 акции што е помалку од 1 отсто од сите акции на ФЗЦ во ценовна маргина од 350 до 420 денари за акција. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра