Силен татнеж ги вознемири скопјани - за што се работи?
Објавено во: Македонија 17 Август, 2017
Силен татнеж вечерва околу 19 часот ги вознемири жителите на Скопје.
Се работи за истрелан плотун, како дел од подготовките на Армијата на Република Македонија, за утрешното одбележување на 18 Август – Денот на АРМ.
Ова е проба за десетте артилериски плотуни што ќе бидат истрелани утре во исто време.