Силјановска: Чудно е генералниот секретар на НАТО да дава изјави за Законот за јазици
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018
Коментирајќи ги последните случувања околу Законот за јазици универзитетската професорка Гордана Силјановска вели дека е малку чудно генерален секретар на НАТО да дава изјави за Законот за јазици - закон кој тукушто е донесен, но сѐ уште не е влезен во сила.
Целото интервју со професорката Силјановска ќе го гледате во емисијата Фактор магазин в недела (21.01.2018), во која професорката зборува и за проговорите околу името и реформите.