СИМБОЛОТ НА ИСИС: Што пишува на знамето на џихадистите
Објавено во: Свет, Стил 27 Март, 2016
Терористичката организација Исламска држава е во подем и се поактивно напаѓа на различни локации низ светот. Нејзините приврзаници каде и да одат го носат црното знаме кое е симболот на ИСИС и го прикачуваат во знак на окупација на територијата.
Еве ја историјата на тоа знаме и неговото значење.
Со бело над кругот пишува "Нема друг Бог освен Алах.". Оваа фраза често се користи во исламот како декларација на верност кон религијата. Во исламот е попозната како Шехадет. Во белиот круг кој наликува на печат со црни букви е напишано " Мухамед е пророк на Алах.".
Монохроматските знамиња се традиција во источните земји и во исламската традиција, а многумина сметаат дека знамето на Мухамед било црно. Затоа модерните џихадисти го прифаќаат овој стил во надеж дека тоа ќе им даде легитимитет.
Претходно ова знаме го користеле и Ал-Шабаб во Сомалија како и гранки на Ал Каеда. ИСИС го земаат овој симбол кој не е нов во исламот и го искористуваат неговото симболичко значење во свои пропагандни цели. Со таков потег тие многу полесно допираат до поголем број на луѓе до кои би било многу потешко да допрат ако користат некој нов симбол или знаме.