01 Мај, 2024
0.0266

Синдикатите контра Ангеловска: Не смее да се дозволи отпуштање на вработени

Објавено во: Економија, Корона Вирус 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Синдикати и здруженија на граѓани кои се залагаат за правата на работниците во заедничка реакција се спротиставуваат на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска за олабавување на условите за задржување на бројот на вработени при користење на мерката за субвенции на плати за стопанството.

– Доколку ова се реализира, тоа ќе значи десетици илјади нови невработени во пресрет на очекуваната економска криза и десетици илјади семејства во сиромаштија. Срамно е Влада која се нарекува социјалдемократска и која треба да се грижи пред сè за сиромашните и работниците да најавува вакви мерки, особено на два дена пред Први мај, Меѓународниот ден на трудот, што го сметаме за непочитување на овој празник и за навреда на работничките и работниците. Не смее да се заборави дека средствата од кои се финансираат овие мерки доаѓаат од даночните обврзници, односно се пари на сите граѓани на оваа држава, па затоа треба да се трошат за доброто на сите, а не само за доброто на одредени групи моќници, се вели во заедничката реакција.

Тие бараат одговорност од министерката за финансии и веднаш да запре процесот на измена и дополнување на Уредбата за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза во насока на давање на можност на работодавачите кои користат финансиска помош од државата, да отпуштаат вработени.

Синдикатите и здруженијата на граѓани бараат да бидат консултирани при подготовката на мерки кои се поврзани со работниците и ниту една ваква одлука да не помине без нивна согласност.

Во заедничката реакција се потпишани Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Независниот академски синдикат (НАкС), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), Хелсиншкиот комитет за човекови права, здружението на граѓани „Гласен Текстилец“, левичарското движење „Солидарност“, ЈАДРО – Асоцијацијата на независната културна сцена, здружението на граѓани „Прес ту Егзит“ Скопје и асоцијацијата Контрапункт. 

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција