02 Мај, 2024
0.0288

СИНДИКАТОТ ДО ГАЗДИТЕ: Имате уште една недела да исплатите К15, во спротивно има и затворски казни

Објавено во: Економија 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикати на Македонија ги потсетува газдите дека остануваат уште само седум дена за да им исплатат на работниците во приватните фирми регрес за годишен одмор, а во спротивно ќе бидат парично казнети, но можат да заработат и затвор.

„Ги потсетуваме работодавачите дека имаат уште само 7 дена до крајот на годината за исплата на регресот за годишен одмор на работниците во приватниот сектор по што ќе следуваат парични казни како и казни затвор!“, децидни се од Синдикатот.

Правото на регрес за годишен одмор е вовисина од најмалку 40 отсто од основицата, односно најмалку 10.962 денари.

„Потсетуваме дека Општиотколективен договор согласно член 2, се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци, односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор. Потсетуваме дека и работниците кои се отсутни или биле отсутни од работа поради боледување, вклучително и отсуството поради Ковид - 19, како и работниците кои користат платено отсуство, имаат право на исплата на надомест на регрес за годишен одмор“, пошуваат од ССМ во своето соопштение.

Апелираат работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците, и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодаваачите на штета на рабониците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда