30 Април, 2024
0.0271

Синдикатот на АД Македонска пошта: Бараме итна средба со Заев, ни зависи егзистенцијата

Објавено во: Економија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Синдикатот на АД Македонски пошта побара од премиерот Зоран Заев итна средба до идната недела со цел што е можно побргу да се пронајде деловна банка која ќе го одржува прометот на друштвото по стечајот на Еуростандард. Од таму велат дека поштата изминатиот период работи со сериозни загуби на дневна основа и дека страбуваат за своите плати и работни места.

„Сериозно е нарушено работењето, повеќе од 20 дена на дневна основа генерираме сериозни загуби со оневозможување на платниот промет на 300 поштенски единици. Прекинати се приходите од меѓународниот сообраќај и намалени оние  од внатрешниот сообраќај во изминатите шест месеци. 2.300 вработени стравуваат за своите плати и работни места. Тоа е директна закана за егзистенцијата и нивните семејства. а неработењето на поштенските филијали имаат и големо влијание на населените места и кај корисниците. Над 100.000 корисници се оштетени“, рече Боро Велигденов, претседателот на синдикатот, пред медиумите.

Тој додава дека состојбата може многу лесно да ескалира во финансиска криза доколку Владата не се зафати посериозно да го реши овој проблем.

„Владата има обврска да не постави како приоритет и да направи договор со друга банка за платен промет и да се заложи за стабилизација на претпријатието. Тоа е затоа што сопственик на АД Македонска пошта е Владата. Во моментов знеме дека има преговори со одредени банки, но нема имиња“, додаде Велигденов.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи