26 Април, 2024
0.0280

Синхроната музичка мобилна мрежа АРЛОПУС, нова македонска апликација за забава со пријателите

Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

АРЛОПУС апликацијата за iOS и Android, нуди можност за слушање на истата музика на повеќе различни мобилни уреди истовремено, без да се забележи ехо меѓу нив, исто онака како кога се слуша музика од многу звучници.

Оваа апликација може да се превземе на iTunes и Play Store бесплатно. Нуди уникатно синхронизирано музичко доживување во исто време, било кога и било каде. Компанијата НИ ТЕКНА, која е автор на оваа апликација, разви платформа “Synchronize-Us” која ја овозможува перфектната синхронизација на повеќе мобилни уреди истовремено. Интересно за оваа апликација е тоа што овозможува организирање на големи хепенинзи на различни локации во исто време.

Кому му се потребни звучници кога го имаме АРЛОПУС?

Без разлика дали сте надвор или пак патувате, дали сте во Вашата канцеларија со Вашите колеги, на отворено со пријателите, на излет со своето семејство–оваа технологија работи преку Wi-Fi, 4G / 3G / EDGE или пак со користење на Hotspot. Можете веднаш да креирате свој сопствен хепенинг и да ги поканите вашите пријатели да се приклучат.

Како се користи АРЛОПУС?

1.  Превземете и инсталирајте ја апликацијата бесплатно

2.  Креирајте кориснички профил или пак најавете се со некој кориснички профил од социјалните мрежи

3.  Веднаш ќе забележите два таба, “Live” и “Backstage”, во кои се прикажуваат моменталните, закажаните и завршените хепенинзи креирани од вас или пак вашите пријатели.

4.  Креирајте нов или пак приклучете се на некој хепенинг во тек и започнете да се забавувате 


На АРЛОПУС моментално се промовира македонската претставничка на Евровизија 2017, Јана Бурческа, па може во друштво да ја слушате песната Dance Alone во делот со Featured Public Happenings, на почетниот екран по најавувањето на АРЛОПУС.

Повеќе информации за апликацијата може да прочитате на www.arlopus.com.

Развојот на оваа апликација е поддржан од македонскиот Фонд за иновации и технолошки развој со ко-финансирачки грант за комерцијализација на иновација.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет