СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НА ДАНКА ЗАВРШИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Еве што пишуваат српските медиуми
Објавено во: Балкан 01 Април, 2024
Сите членови на семејството на мајката и таткото на исчезнатата Данка Илиќ (2) денеска и наредните денови ќе дадат изјави во полиција, пишува Новости.
Весникот наведува дека изјавите денеска ќе ги дадат братот и таткото на мајката на Данка, вујкото и дедото на девојчето.
Потрагата по девојчето Данка трае веќе шест дена, нејзините родители од денот на нејзиното исчезнување секој ден даваат изјави во полиција за да се расветлат сите околности на нејзиното исчезнување.