05 Мај, 2024
0.0294

Сите детали за новиот наплатен систем во автобусите на ЈСП

Објавено во: Економија, Стил 27 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Од ЈСП информираат дека билетите за едно возење, повеќе не се продаваат во билетарниците, бидејќи истите можат да се купат во самото возило.

Што се однесува до картичките за електронска наплата, Од ЈСП информираат дека самите картички чинат 150 денари за неперсонализираната и 200 денари за персонализираната без впишување на билет на истите.

Овие картички имаат важност од минимум 4 години, се до нивно евентуално оштетување.

Овозможени се и две гратис возења за секоја купена неперсонализирана картичка. Со следното надополнување, граѓанинот не ја плаќа повторно картичката, туку само ја надополнува со парични средства. Со валидирање на картичката, самиот валидатор покажува уште колку средства се останати односно у ште колку возења може да се остварат (во зависност од типотна билет).  Износот кој може да се надополни на билетите се движи од 100 до 6.000 денари, велат од претпријатието.

Оттаму посочуваат дека месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети, се впишуваат исклучиво на персонализираните картички, а надополнување со средства и купување на билет со десет возења, може да се направи на двата типа на картички.

Исто така, картичките задолжително треба да се валидираат на валидаторите, без разлика дали станува збор за бесплатен студентски, ученички или билет за возрасната категорија на граѓани.

Услугите на бесплатните билети за возрасната група на граѓани (над 62 год за жени и 64 за мажи) можат да ја користат жителите на Скопје, со вадење на персонализирана картичка, а услугите на бесплатни билети за студенти можат да ги користат исклучиво редовните студенти од државните универзитети, кои имаат студии исклучиво во Скопје.

За добивање на овој билет, студентите се должни да достават потврда од редовен студент од матичниот факултет, да понесат индекс и лична карта и да ги поднесат во најблискиот инфоцентар. Доколку некој имал извадено персонализирана картичка пред 01.01.2016, за да го добие новиот билет ќе мора повторно да ја донесе бараната документација, за билетот да му биде впишан на веќе постоечката картичка, велат од ЈСП.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години