Сите од домашен притвор одат во истражен затвор Шутка
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2017
Откако Јавното обвинителство на Република Македонија поднесе жалба до повисокиот суд сите шестмина осомничени од истрагата за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април која се води под сомнежи за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од домашен притвор ќе добијат потешка мерка на обезбедување со притвор.
Апелациониот суд ги прифати сите жалби на ЈОРМ кои беа поднесени поради одлуките на Основниот суд Скопје 1 за одредување мерка на претпазливост домашен притвор.
Во јавноста се коментираше дека судот имал двојни аршини при неговата одлука за дел од осомничените да донесе одлука за домашен притвор, а за други 30 дневен притвор во истражниот затвор Шутка.
Веќе има информации дека дел од тие што добија домашен притвор се повторно приведени од полицијата и пренесени во истражен затвор каде ќе го поминат рокот предвиден во мерката на обезбедување, бидејќи одлуката е правосилна иако има можност за жалба која не го спречува нејзиното извршување.