03 Мај, 2024
0.0274

Сите три противпожарни авиони се сервисирани, ама нема пилоти

Објавено во: Македонија 14 Март, 2023

Добивај вести на Viber


Земјата се соочува со суво лето со високи температури и тоа значи поголем ризик од пожари. Институциите апелираат граѓаните повеќе да бидат свесни за штетите предизвикани од пожарите и да покажат максимална грижа кога се во природа. Но, колку се подготвени самите институции да ги спречат бесните пожари? Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути рече дека последниот сервисиран авион се вратил во земјава пред една недела и дека сега се достапни сите три авиони. Сепак, на авионите им требаат пилоти. Овој предизвик се уште не е надминат.

„Третиот авион се врати минатата недела и е подготвен. Проблемот со недостигот на пилоти за авионите останува предизвик за институциите но и за Владата бидејќи за секој авион се потребни најмалку 3 пилоти. Ќе се обратиме до Министерството за финансии и до Владата да одобрат дополнителни средства за привлекување луѓе. За летање со овој тип на авиони потребна е дополнителна обука која е многу скапа и многу ригорозна и која многу често завршува со неуспех. Многу е тешко да се најде кадар за ваква работа“, изјави Максути

„Се трудиме после 20 години да го надминеме проблемот со немањето хангар, бидејќи во моментов авионите се чуваат на отворено небо“, додава дополнително тој.

Дирекцијата за заштита и спасување денеска прифати донација од 20.000 евра од романската амбасада, опрема која се очекува да ја олесни работата на тимовите на терен. Во првите шест месеци од 2022 година, во земјава се регистрирани 69 шумски пожари, при што изгорена е површина од стотина хектари, додека масата на изгорените дрва изнесува 4.621 кубни метри. 

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите