СИВА ЕКОНОМИЈА: Ни цвета работата на црно
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2015 16:05
Алармантно загрижувачки податоци изнесоа денеска од страна на Сојузот на синдикати.
Голем број работници работат непријавено а најмногу ги има во земјоделието,градежништвото, трговијата и хотелиерството потенцираше синдикалниот лидер, Живко Митревски кој денеска ја претстави кампањата „Приклучи се и кажи стоп за сивата економија, кажи стоп за непријавената работа“.
Митрески истакна дека од 22,5 до 25 % се движи сивата економија а плата во плик или на рака се уште е актуелна, но и покрај тоа се носат закони кои ги штитат работничките права но требало да се мобилизираат синдикалните организации кои ќе ги едуцираат вработените за нивните права.
И од Центарот за истражување и креирање на политики пред некој ден алармираа на загрижувачки податоци за сивата економија .
Според различните методи на мерење на сивата економија, нејзиното учество во бруто-домашниот произод се движи од 24 до 47 отсто или во апсолутна бројка 3,5 милијарди евра голта скриената економија. Како дел од клучните фактори кои влијаат врз стапката на сивата економија се посочуваат невработеноста, даночниот систем, недовербата во Владата.
-Скирената економија во Македонија е доста висока, тоа не е заради тоа што даноците се високи, бидејќи високи даноци има и во Шведска и во Норвешка, но луѓето таму имаат навика и сакаат да ги плаќаат даноците. Но кај наслението во Македонија има недостиг на доверба во Владата, што доведува до тоа да граѓаните едноставно избегнуваат да плаќаат даноци, вели универзитетскиот професор Колин Вилијамс, од универзитот “Шефилд”.
Скриената економија во земјава се манифестира преку работа на црно и скриени приходи во фирмите. Најзастапена е во градежништвото, услужните дејности, туризмот, а по региони во Полошкиот и југозападниот дел. Мониторинг извештајот на ЦИКП пишува дека најважниот отежнувачки фактор поврзан со скриената економија во Македонија е стапката на невработеност, која што иако се намалува и сега е на ниво од 27,3%, сепак и натаму е висока.
-Екстремно високата стапка на долгорочна невработеност, налага дека многу од невработените мора да се ангажирани во некаков вид на скриена активност, за да остварат барем некое основно ниво на егзистенција. Избегнувањето даноци е најраспространето помеѓу најсиромашните граѓани, што ги прави уште поранливи бидејќи можат да станат цел на кривичен прогон, поради неисплатени обврски, или да се оптоварат со плаќање на големи казни. Оттаму од суштинска важност е Владата и понатаму да посветува големо внимание на решавање на ова прашање и да ги координира своите мерки и активности со бизнис-секторот, организациите на граѓанското општество и другите засегнати чинители, се посочува во извештајот.
Според спроведената анкета посиромашните семјества се најмногу загрижени за невработеноста, но и вработените се жалат на ниските плати, додека оние со високи приходи изразуваат загриженост на политичката нестабилност, етничките проблеми и корупцијата.
-Скриената економија опфаќа скриен обрт на компании, скриени приходи, сметковотствени трикови за да се прикажат помали приходите и криењето на ДДВ, потоа, дали работниците имаат договор за работа, дали им се врши исплата на заработувачката надвор од договорите, конечно, и како влијае политиката на владата на овие состојби. Стандардот во Македонија е низок, имаме минимална плата од приближно 10.000 денари. Така што се додека не се зголеми стандардот не може да се очекува драстично да се намали скриената економија, се додека не се намали драстично невработеноста не може да се очекува да се намали сивата економија, изјави Емил Шурков, аналитичар од Центарот за истражување и креирање политики.
Подобро поголема плата, отколку договор за работа
Истражувањето покажува дека околу 40 отсто од платите во Македонија се целосно или барем делумно непријавени, а 7 отсто од сите работници во земјава работат без договор и не им се исплаќаат никакви придонеси за социјално осигурување. Спроведената Анкета покажала дека 9,7 отсто од испитаниците одговориле дека дел од платата ја примаат во кеш, а дел на трансакциска сметка.
Исплатата во готово се движи од 10 до 400 евра, од кои најмногу примаат од 30 до 100 евра. Споредено со платите во кеш односно во плик што се исплаќаат во Европа, Македонија со 9,7 % од населението кое ја прима целата или дел од платата во плик, е втора најлоша во Европа по ова прашање, со три пати поголема стапка споредено со европскиот просек. Понатаму во анкетата 21,6 осто се изјасниле дека повеќе би сакале да работат непријавени, но да земаат повисока плата, 27,3 отсто од испитаниците изјавиле дека нивните придонеси им се уплаќаат на износот на минималната плата иако нивната реална плата е повисока, а 6,4 отсто изјавиле дека основицата е износот наведен во договорот за работа, иако нивната плата е повисока. Близу 11 остсто од испитаниците потврдиле дека директно од нив било побарано мито за да се вработат или тие знаат некого од кого било побарано мито, а 6,7 отсто го откриле износот на митото кое варира од 65 до 6.000 евра. Во извештајот се посочува дека особено загрижува индикаторот на нецелосните уплати на социјално осигурување во комбинација со фактот дека 7 отсто од испитаниците изјавиле дека воопшто не им се уплаќа за пензиско осигурување.Дури половина од испитаниците коие се декларирале како самовработени се изјасниле дека не си исплаќаат социјално осигурување врз основа на реалната плата која ја земаат.
-Причините за ова може да се потпираат врз мислењето дека придонесите за социјално осигурување се превисоки, како што сметаат околу 40 отсто од анкетираните испитаници од деловните субјекти, се посочува во извештајот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Два дена работа, два одмор и плата од 900 евра - сепак Босанец не може да најде работници
Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место
Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба
Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок
ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности
Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица
(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија
ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење




