СЈО го „чешла“ Чаир - што се истражува?
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017
Катица Јанева и тимот од СЈО вчера „упаднале“ во општина Чаир.
Според пишувања на дел од медиумите тие три часа барале материјални докази во рамките на предистражна постапка за дивоградби.
Алсат коментира дека се во тек првите истраги за евентуални дивоградби и за злоупотреба на наредбите за уривање на објекти надвор од законот за легализација во општина Чаир.
Градоначалникот кој управува со општината го поддржува СЈО. Меџити вели дека правната држава мора да биде функционална.
Во врска со спорниот објект кој се наоѓа во близина на Амбасадата на САД во Скопје за кој се слушна и од „бомбите“ на Заев дека е дивоградба и за кој можно е да е заинтересирано и СЈО, од општина Чаир информират дека тој објект не е во нивна надлежност бидејќи за него се води судски спор.