27 Април, 2024
0.0289

СЈО со „Триста“ на саат - Почнува ново судење

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство продолжува со засиленото темпо на работа и денеска треба да го застапува обвинението кое го покрена за случајот „Триста” за набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра, за што денеска е закажано првото рочиште пред судот.

„Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите (СЈО), означен како „Триста”, кој беше одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт и врз основа на кој е оформен предмет, согласно АКМИС, по електронски пат е распореден за понатамошно постапување кај судијата Лидија Петровска од Одделот за гонење организиран криминал и корупција, која главната расправа ја закажа за 15 ноември 2017 година, во 10.30 часот, за кога се испратени покани за странките во постапката”, соопшти во почетокот на октомври Основниот суд Скопје 1. 

Случајот „Триста” се однесува на набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра, а за што е обвинет Ѓоко Поповски, помошник-министер во Министерството за внатрешни работи. Поповски, според СЈО, тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Исто така и во овој случај прислушкуваните разговори се прифатени како докази.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“