02 Мај, 2024
0.0274

СКМ: Приватниот сектор да не се става во политички контекст без аргументи

Објавено во: Економија 28 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија, како најголема и најзначајна бизнис асоцијација во земјата, која претставува компании кои учествуваат со над 90 отсто во индустријата на Република Македонија и кои учествуваат со над 50 отсто во генерирањето на приходите во приватниот сектор и остварената добивка, оценува дека е потребно да нагласи определени ставови кои се од значење за креирањето на економската политика во Република Северна Македонија.

„Во изминатите денови, во рамки на собраниската расправа поврзана со уредувањето на спорот за компанијата „ГА-МА“, оператор на системот за пренос на природен гас, сведоци бевме на бројни квалификации кои се надвор од стандардите на современите парламентарни демократии. Ваквиот наратив негативно влијае на репутацијата на засегнатата компанија „Макпетрол“ АД Скопје, а влијае и врз берзата и врз слободниот пазар на кој се заснова нашата економија, но и се деградира институтот јавно-приватно партнерство, со што се нанесува ненадоместлива штета на стопанството, но и на државата, особено имајќи предвид дека предмет на дискусија е спогодба постигната пред Европската енергетска заедница“, се вели во соопштението од СКМ.

Стопанската комора на Македонија уште еднаш апелира дека недозволиво е од чија  било страна да се прави јавен линч на компаниите, кои градејќи јавно приватно партнерство реализираат дополнителни инвестирања, креираат нови работни места и ги спроведуваат меѓународните стандарди и принципи во своето работење. 

Затоа, потребно е да се престане со практиката на јавни прозивки на компаниите во политички контекст и изнесување на произволни констатации, кои нанесуваат штета на угледот на компаниите. Компаниите треба да се оценуваат единствено преку критериумите на квалитетот на нивните производи и конкурентноста на понудените цени.

„Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис асоцијација во земјата, обврзана е да се бори против сите негативни појави во општеството кои влијаат на бизнисот и затоа се залага за јакнење на институциите, но ќе застане зад сите свои членки на кои, наместо аргументи, им се упатуваат јавни навреди и недокажани дела. Во таа насока, Стопанската комора на Македонија апелира на доследно почитување на применливата законска регулатива, и доколку постојат, сите можни сомневања во однос на постоење/непостоење на конфликт на интереси и незаконитости треба да бидат изнесени пред надлежните државни органи, со цел да бидат спроведени сите потребни дејствија во насока на нивно расчистување“, нагласуваат од најголемата бизнис асоцијација во земјава.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности