27 Април, 2024
0.1467

Скокај Ламбе!

Па господа партијата уште ли ќе ја гледате како биро за вработување, а партиската книшка најважна компетенција за нечие работно место.

Објавено во: Економија, Колумни 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

пишува д-р Татјана Стојаноска Иванова:

Анри Барик, еден од истакнатите социјални патолози го воведе терминот морална патологија. Наједноставно, се работи за луѓе кои ги первертираат вредностите и кои себе си се сметаат за морални, а всушност се патолошки случаи. Во совремиево, ова денес што го битисуваме, моралната патологија би била ептен актуелна. Криминалци се сметаат себе си за чесни и поштени, лажговците се сметаат за говорители и пропагатори на вистината, крадците за легалисти во однос на материјалните нешта, первертирани и извитоперени сегменти од реалноста. И дури во еден миг секој од нас се фатил себе си да се преиспитува дали неговото е правилно и посакувано, или она за кое мислел дека е лошо и надвор од разумното. Упростено-денес дали нормалното стана патолошко и обратно?

Интервју, само по себе впечатливо и интересно од неколку аспекти

Следејќи ги интензивно медиумите, во морето од интервјуа и анализи, некако деновиве, како едно од поинтересните ми се изнедри она на Ламбе од Охрида града, комитата и поранешниот функционер. Интервју, само по себе впечатливо и интересно од неколку аспекти. За дијалектот нема да говорам и многу други политичари си го преферираат локалниот, иако во јавност треба да се говори литературно. Но нејсе, ако малку повнимателно го слушате, така речит, вдахновен, полн со себе си, ќе си речете браво, умен човек, расудува, анализира, препознава, три пати мерел еднаш сечел, аналитичен, стасит, мислиш гороцвет. Сигурен во себе, полн со себе, говори, меѓу другото, и  за социо-патолошки проблеми,  за криминал, корупција, нечесни и нелегални дејанија, како да е експерт по таа проблематика. Па и со доза на уверителност суди и пресудува за други, луѓе за кои постои сомневање за нивната чесност и морален кредибилитет, дека се далеку од она за што се обвинуваат, и сето тоа со сигурен и воопшто не растреперлив глас.

Макијавелизам без скрупули ви е вашето политичко пазарење

Абре Ламбе, абре охриѓанец, ниту сме од вчера, ниту имаме амнезија, за среќа помнењето не држи и знаеме кои сме и што сме. Убаво помниме за кривични пријави, за трошење без мера, за ручеци од 30 000 евра, за шетање и лудување и за разни други баханалии. Не заборавивме и за осудата на некои челници кои денес ги ставаш на пиедесталот на великани, за критиките упатени кон нив, за некоензистентни политики и говори. Секако дека добро ти и твоите собеседници, со кои уште кроите политики, ја владеете максимата интересот е пред се и над се. Макијавелизам без скрупули ви е вашето политичко пазарење.

Па господа партијата уште ли ќе ја гледате како биро за вработување

Со каков морален кредибилитет ќе се појавите пред граѓаните, кога немате политичка стабилност, ниту политички бон-тон, а за вредносен кредибилитет и да не говорам. Некого да омаловажуваш, да навредуваш, да го оцрнуваш, да му лепиш етикети недостојни за човечки род, и потоа за истиот или истите со пиетет да говорите е близу до патолошкото. Само сигурна сум дека бенефитите добро сите си ги познавате. Јавно, јасно и гласно да се каже дека за некое директорско столче, кое подоцна ќе значи и некое вработување и ухлебување во државна администрација, вреди и да се голтне, и простете ми на израз, да се излиже се што е претходно кажано, напишано и објавено, е чин без преседан и без скрупули. Па господа партијата уште ли ќе ја гледате како биро за вработување, а партиската книшка најважна компетенција за нечие работно место. Далеку од умот е дека ќе одиме напред и ќе направиме реформи ако се уште вакви ликови ни ја кројат политиката. Нема да не биде се додека личното и приватното ни е пред колективното и државното.

П.С. Затоа, како во добро позната реклама, ќе препорачам СКОКАЈ ЛАМБЕ, ама не в ензеро, туку подалеку од политичката сцена. И сите тие таквите како тебе, нека се дефтосаат, бидејќи жална наша Македонија од такви патриоти. На нашата мила држава и се потребни чеда кои ќе придонесат за нејзин развој и просперитет, а не за урнисување и на она малку што е останато.

авторот е Проф. на Институт за социологија, Филозофски факултет-Скопје


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра