01 Мај, 2024
0.0262

СКОПЈАНЕЦ Е НОВ МИЛИОНЕР НА ДВЛМ: Освои 1.391.701 денари!

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Скопјанец стана милионер. Г. Д. е  17ти среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ. Добивката вредна 1.391.701 денари ја  освои во Сенатор во ГТЦ во Скопје.

Најновиот милионер на ДВЛМ е од Скопје.  Играњето на видеолотариските терминали го практикува како забава многу често. Негово место за забава биле локациите на Спорт Лаиф Трејд. Дента кога ја освои добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, 21 октомври, нешто го натерало да влезе во Сенатор во Градскиот трговски центар, за да си ја проба среќата. Кога го слушнал звучниот сигнал кој означува дека падна МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, не се изненадил. Добивката ја очекувал. Според него ова е интимен момент кој не сака да го сподели со никој, па дури ни со членовите на неговото семејство. Парите од добивката вредна 1.391.701 денари ќе ги искористи за да купи стан. Ова не е негова прва добивка. Претходно веќе имал неколку добивки во играта КЕНО.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 17 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 23.370.400 денари. Покрај нив, освоени се и 2130 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 15.969.157 денари.

Државна видеолотарија на 12 октомври под мотото Играј за забава, го започна промотивниот караван во чии рамки носи многу изненадувања, подароци и забава за сите играчи на видеолотариските терминали ширум Македонија. Досега реализиравме промоции во Скопје, Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар и Тетово. Следнава недела се дружиме со вас на:

26.10.16 во Македонски Брод

27.10.16 во Охрид и

28.10.16 во Струга

Ве очекуваме, ДВЛМ


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?