26 Април, 2024
0.0274

Скопјани заедно со НаТочак мрднаа со прст за Скопје да биде подобар велоград

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

НаТочак, една од најсимпатичните градски иницијативи на голема група ентузијасти со заедничка цел – подобро велосипедско Скопје заедно со Мрдни со Прст ги поттикна граѓаните да ја кажат својата #веловизија.

Во средата на 26-ти јули, традиционално во последната среда од месецот, НаТочак ја организираше 63-тата Критична маса по ред, овој пат со цел сите ние да го замислиме Скопје како Велоград, во кој велосипедите се секојдневно превозно средство на илјадници луѓе и град со беспрекорни услови за возење.

Токму условите, инфраструктурите проблеми и секојдневните препреки со кои се соочуваме беа најголемата причина граѓаните да мрднат со прст и поттикнати од НаТочак јавно да ја споделат визијата и да го напишат својот предлог за поинакво Скопје. Освен користењето на хаштагот #веловизија на социјалните медиуми, повеќе од 300 луѓе се собраа да ја извозат Критичната маса каде имаа можност на неколку табли за пишување да ги дадат своите предлози за подобро Скопје.

„Колку пати си се пожалил на условите за возење точак во Скопје. И колку пати си посакал да бидат поинакви. Сигурно си замислувал како би можело да биде. Сигурно имаш предлог како да се подобри. Сподели ја твојата #веловизија користејќи го овој хаштаг. Замисли како изгледаат поправени ситните инфраструктурни проблеми или твоето секојдневно искуство или како е променета големата слика за Скопје…Замисли го Скопје како вело-град. И, како е таму? Како граѓани да им дадеме акцент на позелените, поздравите и поквалитетни замисли за Скопје. Обично таквите визии за градот се ставени во секторот “алтернативни“, додека во мејнстримот се одржува статус-квото, а тоа за Скопје значи: тонење во загаденост, небезбеден сообраќај, хаос, неквалитетен град за живот. Нека почне поместувањето на статус-квото од нас! Сподели ја твојата #веловизија беше пораката на Критична Маса #63 која се возеше од Плоштад Македонија низ Центар, Чаир, Топаана, а се заврши на платото на Музеј на современа уметност од каде сите уживаа на поглед кон Скопје.

На Критичната маса беа поделени повеќе од 5000 флаери со хаштагот #МногуУбавоСиПаркиран кои граѓаните ќе ги ставаат на автомобилите кои се непрописно паркирани на велосипедски патеки, пешачки зони и места наменети за лицата со попреченост.

Со овој настан Мрдни со Прст продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. ,,Tи си на потег” како слоган на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу претходните и следните активности на Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет