Слободоумни граѓани ја формираа „Легија на честа“
Објавено во: Македонија 25 Април, 2017
„Легија на честа“ е граѓанско здружение кое го формираа десетици илјади слободоумни граѓани.
Прв човек на ова здружение е Зоран Димовски, а негов заменик е Југослав Петровски. Здружението формирало свој Надзорен и Управен одбор, како и други тела и органи.
Ова здружение веќе брои повеќе од 10.000 членови, а овој број постојано се зголемува.
Основачите на здружението за Плусинфо велат дека ќе се залагаат и ќе се борат за слобода, демократија и владеење на правото, основни демократски вредности кои во изминатата деценија им биле одземени од актуелната власт.
Тие им порачуваат на сите граѓани да им се приклучат со свои идеи и предлози за да конечно се врати демократијата во земјава