29 Април, 2024
0.0286

Слушнати барањата на родителите на деца со посебни потреби, и денес шатори пред Собрание

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Родителите на децата со посебни потреби организирани во иницијативата „5 до 12“ повторно кампуваа пред Собранието на Република Македонија со цел да ги претстават нивните барања за поголеми права и развивање на нова стратегија од страна на државата. Се бара добивањето на средствата да не се ограничува до 26 годишна возраст, туку да биде доживотно. Родителите инсистираат и на дополнителни дневни центри за згрижување.

„Редно време е овие 120 пратеници, министри и бизнисмени, од сите општествени сектори да дојдат тука и да ги споделиме проблемите заедно, за тие да не останат само на хартија. Дојдете тука и видете кои сме и што сме“ – изјави Суарет Алиша од “5 до 12”.

На состанокот е договорено да биде формирана работна група од претставници на МТСП, на неформалната коалиција „5до 12“, на членови на Ресурсен центар, Советот на Национални организации, претставник на Координативното тело за изедначување на правата на лицата со попреченост, Хелсиншкиот Комитет, а како мониторинг на целиот процес ќе биде повикан и Народниот правобранител.

По извршените анализи внатре во Мионистерството за труд и социјaлна политика, предлози кои ќе бидат ставени на разгледување во работната група се следните: укинување на границата од 26 години за користење на правото за скратено работно време на родителите кои имаат деца со попреченост; ќе се разгледа воведениот материјален цензус за користење на правата на помош и нега, мобилност, слепило и глувост; ќе се разгледа можноста за поголема професионализација на првостепената комисија за нега и помош од друго лица, истата технички и кадровски да се доекипира, и истата да може да ги спроведува увидите во домот на корисникот. Исто така, Конзилијарните комисии од прв степен за ова право да бидат укинати за да се намалат административните процедури за оваа категорија на граѓани; ќе се преоценат програмите за работа на дневните центри за деца со попреченост на територија на Република Македонија. Од страна на МТСП веќе се побарани податоците од сите центри во државата, со поддршка на УНИЦЕФ. Изготвена е анализа за алтернативните форми на згрижување, и согласно со препораките и забелешките во наредниот период ќе се преземат соодветни чекори во насока на доекипирање на центрите, овозможување на соодветни едукации и слично.

Иницијатива “5 до 12” побара од првите луѓе во Министерствата за здравство и за образование да ги посетат и да се запознаат со проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце