07 Мај, 2024
0.0255

СМЕНИ ВО ВМРО-ДПМНЕ: Влатко Ѓорчев повеќе не е координатор на пратеничка група

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера на седница за координатор на пратеничката група го назначил Драган Данев.

Досегашниот координатор Влатко Ѓорчев побарал да се повлече од оваа функција, поради голем обем на обврски и презафатеност.

За заменици на Данев, пак, поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев.

На вчерашната седница на Извршниот комитет на партијата биле донесени повеќе кадрови одлуки, при што информира дека било одлучено да се спроведе генерален реизбор на цели општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

„Упатуваме отворена понуда до сите заинтересирани кандидати што сакаат да се пријават на конкурсот што ќе биде објавен веќе следната недела, да добијат шанса за докажување, за додадена вредност кон нашата партија. Со оваа одлука на Извршниот комитет продолжуваме со зацврстување и реорганизација на нашата партија. Оние претседатели на општинските комитети што досега постигнале добри резултати, ќе бидат реизбрани и ќе продолжат понатаму да раководат со општинските комитети“- рече Јанушев. 

Тој вели дека оние што ќе се пријават како нови кандидати, како нови кадри, ќе добијат шанса да ја покажат својата способност, својата волја за работа при исполнување на целите и визиите на партијата.

Воедно, рече дека Извршниот комитет донел одлука за распишување јавен оглас за претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи мандатот на досегашниот претседател, Владимир Нелоски, е истечен.

Можеби ќе ве интересира

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик