Со 20.000 евра младите земјоделци ќе ги мотивираат да останат во родниот крај
Објавено во: Економија, Агробизнис 22 Ноември, 2019
Со неповратна финансиска поддршка од 20.000 евра, власта планира да ги мотивира младите земјоделци.
Премиерот Зоран Заев оваа информација ја објави на Фејсбук.
„Со новата мерка за неповратна финансиска поддршка од 20.000 евра, ги мотивираме младите земјоделци да се занимаваат со земјоделство, да останат во својот роден крај. Со вложувањето во младите земјоделци, вложуваме во развојот на земјоделството“, напиша Заев.
Целта на оваа мерка е да се помогне за развој на земјоделството.