„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“
Објавено во: Македонија 25 Април, 2024
„Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт“, пишува на својот профил генералот Стојанче Ангелов, кој се до пред изборите беше коалиционен партнер на СДСМ, но непосредно пред тоа премина на страната на ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека од нив добил уверување дека ќе се изгласа законот за бранителите.
Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата "Твоја Македонија" предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!