07 Мај, 2024
0.0270

СОБИРИ, МИТИНЗИ, ТРИБИНИ: ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и Радовиш, СДСМ пред Влада

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Партиите и денеска ќе одржат собири, митинзи, трибини  со граѓаните ширум Македонија за да ги претстават програмите за изборите кои ќе се одржат на 11 декември. 

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имаат митинзи во Струмица во 20 часот и во Радовиш во 17.30 часот. 

Во 18 часот во Скопје, пред Владата на Република Македонија, централен митинг ќе одржи СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.

Од коалицијата „ВМРО за Македонија“ денеска пред просториите на СЈО изјава за медиуми ќе даде Ден Дончев, носителот на кандидатската листа за ИЕ 1.

Коалицијата за промени и правда средби со граѓаните ќе има  во Кавадарци во ресторан „Бриони“, во 17 часот и во Неготино  во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, во  19 часот. На овие собири ќе се обратат Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз, Слободан Богоески, носител на ИЕ 4, Јове Кекеновски, носител на ИЕ 2, и кандидатите за пратеници Драгана Кипријановскa и Тодор Ношпал.

Во хотелот Холидеј ин во 11 часот, Демократската унија за интеграција организира конференција за економија на која ќе биде претставена дел од програмата за економски развој и еднаквост. Ќе се обратат Фатмир Бесими од секретаријатот за економија на ДУИ и носителите на листите на партијата. 

Демократската партија на Албанците во 16.30 часот ќе одржи средба со граѓаните во скопската општина Чаир, на паркингот пред Чаирчанка.

Митинзи коалицијата „Алијанса за Албанците“ ќе одржи во Центар Жупа  во 18 часот и во Дебар во 19 часот. 

Изборната кампања трае 20 дена и ќе заврши на 9 декември на полноќ.



Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција