28 Април, 2024
0.0294

Solarcleano F1- Револуција во Чистењето на Фотоволтаични модули

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Во компаниите каде што струјата претставува значителен трошок, инсталирањето на фотоволтаични централи за сопствено производство веќе е стандардна практика. И домаќинствата кои се големи потрошувачи почнаа да инвестираат во производство на струја. Инвеститорите, пак, увидоа дека можат успешно да заработуваат од сончевата енергија, што резултираше во постојан зголемен интерес и инвестиции во фотоволтаични системи. Само во последните две години, во Македонија беа инсталирани 580 МW нови обновливи извори на енергија, од кои најголем дел се фотоволтаични централи.

Брзиот напредок на овој сегмент на енергетиката создава потреба за сериозни логистички решенија за одржување на фотоволтаичните системи. Редовното чистење на фотоволтаичните модули е неизбежно и неопходно, бидејќи загубите предизвикани од намалените перформансите на системот можат да бидат значителни, а придобивките се обезбедување на брз поврат на инвестицијата и конечно остварување профит.

Една од компаниите кои имаат голем ангажман во овој сектор е "Ecotip" од Скопје. Проектираат и изведуваат фотоволтаични системи со опрема од најреномирани светски производители и нудат роботско чистење на фотоволтаичните модули. Нивниот робот за чистење, наречен "Solarcleano F1", го врши најбезбедниот и најбрзиот начин на чистење на фотоволтаици, не само во државата, туку и глобално.

Г-дин Илија Андреевски, сопственик на Ecotip, истакна дека потребата за редовно и ефикасно чистење на фотоволтаичните модули веќе е широко препознаена од страна на бизнисмените. "Ecotip" ги поддржува и ги воведува најсовремените технологии и решенија во областа на обновливата енергија, со цел да се обезбеди одржлива и квалитетна енергетска иднина во чекор со најразвиените држави.

Менаџерката за обновлива енергија, Кристина Јаневска, изрази задоволство од интересот кај инвеститорите за користењето на најсовремените иновации во оваа област. Таа истакна дека рачното чистење на фотоволтаични капацитети е веќе минато, особено поради безбедносните импликации и ризиците за работниците и опремата. "Ecotip" е пионер во воведувањето на роботско чистење на фотоволтаични модули со нивниот Solarcleano F1, што допринесува за подобрување на ефикасноста и безбедноста на процесот.

Овој напреден метод на чистење не само што е ефикасен и безбеден, туку и еколошки прифатлив. Според претставниците на "Ecotip", Solarcleano F1 има способност да обезбеди чистење на фотоволтаични панели со голема брзина и ефикасност (двајца оператори за 1,5 – 2 MW дневно), што за десет пати надминува перформансите на мануелниот начин на чистење.

Постојано фокусирани на иновации за одржливост, "Ecotip" продолжува да биде водечка сила во зелената револуција, со цел да креира одржлива иднина за нашата планета.

www.ecotip.com.mk

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг